сектори

СЕКТОРи

Тања Пауновска

Раководител на сектор

Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи

Секторот за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи врши надзор над општините за спроведување на законите од областа на животната средина на локално ниво, укажува на правни и процедурални недостатоци и следи навремено донесување прописи. Подготвува годишен план за надзор, постапува по вонредни пријави и организира обуки за општините.

Секторот ги координира комисиите за прекршоци и спогодување, управува со издавање дозволи преку EXIM, следи управни постапки, одговара на жалби и дава правна помош. Одделенијата ја следат законитоста на општините, предлагаат надзорни планови, постапуваат по прекршочни предмети и решаваат барања на граѓани

Одделение

Соработка со локална самоуправа

Н А Д З О Р

Спроведување на управен надзор над законитоста на актите донесени од страна на единиците на локалната самоуправа во областите на животна средина и просторно планирање

Р Е Ф О Р М И

Го следи процесот на реформите во локалната самоуправа и предлага мерки за нивна имплементација.

Е Л С

Води евиденција на надлежностите на ЕЛС, на кадровската екипираност на ЕЛС за спроведување на надлежностите во управувањето со животната средина

Н А Ч Е Л А

Дава предлози за политики по начелни прашања за областите во кои се врши надзорот го организира надзорот над спроведувањето на законите и прописите од областа на животната средина

О Р Г А Н И З А Ц И Ј А

Ја организира законитоста на работата и постапувањето на органите на локалната самоуправа

И Н С П Е К Ц И Ј А

Врши надзор над законитоста на работата на организационите единици за вршење на инспекциски надзор во животната средина на локално ниво формирани во рамките на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.

План за вршење надзор над законитоста на работата на организационите единици за вршење на инспекциски надзор во животната средина на локално ниво

Document

План - 2025

Document

Извештај за извршен надзор