Вода
Хидрографска состојба во Република Македонија
Според хидрографската состојба во Република Македонија, постојат четири подрачја на речени сливови (Вардар, Црн Дрим, Струмица и Јужна Морава) и три природни езера (Охридско Езеро, Преспанско Езеро и Дојранско Езеро).
Најголем дел од водите се домицилни, формирани на територијата преку врнежи. Македонија не е богата со површински води и тие главно зависат од појавата, времетраењето и интензитетот на врнежите.
Како резултат на морфолошката, хидрогеолошката и хидро-географската структура на релјефот, површинските теченија брзо втекуваат во хидрографската мрежа (реки, потоци и езера) и водата истекува надвор од земјата. Единствен исклучок се карстните области, каде што водата се задржува подолго време под површината и ги прихранува протечните води од речната мрежа.
Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места на реките и параметрите кои се следат.
Континуирано се следат органо лептичките, минерализационите, кислородните и показателите на киселост, еутрофикациони детерминанти, органски микрополутанти, штетни и опасни материи, биолошки елементи (состав и изобилство на акватична флора и бентосна без’рбетна фауна) на следните мерни места:
| Станица | Река |
|---|---|
| Света Богородица | Треска |
| Граница, Влив Лепенец | Лепенец |
| Радуша, Таор, Ногаевци, Демир Капија, Гевгелија, Башино Село | Вардар |
| Пелинце, Катлановска Бања | Пчиња |
| Трновец | Крива Река |
| Балван | Брегалница |
| Брод | Елешка |
| Скочивир, Возарци | Црна Река |
| Ново Село | Струмица |
| ХЕ Шпилје | Црн Дрим |
| Бошков Мост | Радика |
Квалитет на водотеците од здравствено – еколошки аспект
Согласно Законот за води органите надлежни за здравствената заштита се должни за вршење на мониторинг на водите наменети за консумирање од страна на човекот и водите за капење и за преземање мерки за активна заштита на населението против заразни и други болести со висока социјална и здравствена релевантност. Овие заводи вршат микробиолошки, паразитолошки, хигиенски, токсиколошки и биохемиски анализи од делокругот на нивната дејност.
Обрасци
Стандардирани форми или шаблони кои се користат за документирање и праќање информации поврзани со мониторинг, одобрување и управување со водните ресурси.
Решенија
Примена на иновативни технологии и методи за пречистување на отпадните води, усовршување на системите за мониторинг на квалитетот на водите, и развивање на стратегии за одржливо управување со водните ресурси
Хидролошка состојба на реките и природните езера
Хидролошката состојба на реките и езерата се следи од страна на Управата за хидрометеоролошки работи на дефинираните мерни места преку следење напроток на реки и водостој на природните езера. Податоците од мониторингот на хидролошките параметри може да ги најдете на следниве линкови:
Дозволи
Барања за издавање на дозволи за зафаќање, користење и испуштање на води
- Барање за објава ЕМК за дозвола за користење
- Барање за издавање на дозвола за користење на вода за технолошки потреби - ДПТУ Павор Орце дооел
- Барање за издавање на Дозвола за зафаќање и користење на вода од подземно водно тело, “Еуро - Бетон” ДООЕЛ с.Град, Делчево
- Барање за издавање на Дозволата за испуштање на урбани отпадни води од Камп 1 во с. Врапчиште

