С Е К Т О Р
Македонски информативен центар за животна средина
Управа со процесот на обезбедување релевантни и јавно достапни информации на состојбата,квалитетот и трендовите во сите сегменти на животната средина
Раководител на сектор
Катерина Николовска
Управување со секторот преку координирање на работите поврзани со известување за состојба на животната средина и обезбедување на спроведувањето на регулативата
+389 2 3251 403
infoeko@moepp.gov.mk
Македонскиот информативен центар за животна средина се основан во април 1998 година и неговата активност се реализира преку четири одделенија:
- Одделение за мониторинг на квалитет на воздухот
- Одделение за аналитика и известување
- Одделение за катастри и моделирање
- Одделение за информатичка технологија
МИЦЖС собира, обработува, анализира и презентира податоци за состојбата на животната средина од сопствен мониторинг и други институции. Управува со Националниот информативен систем за животната средина, како и со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (21 фиксна и 1 мобилна станица). Воспоставува база за евиденција на загадувачи и извори на загадување. Извештаите и индикаторите се јавно достапни преку веб-страницата на МЖСПП и информативни материјали.
Мониторинг на квалитет на воздух
Управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, кој се состои од 21 фиксна и една мобилна мониторинг станица.
Одделението за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух управува со (ДАМСКВ)
Одделението за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКВ). ДАМСКВ се состои од 21 фиксна и една мобилна автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух. Фиксните мониторинг станици се поставени во следните градови: пет во Скопје (Карпош, Центар, Ректорат, Лисиче и Гази Баба), две во Битола, по една во Кичево, Велес, Илинден, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци, с. Лазарополе, Струмица, Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Берово и Охрид. Мобилната мониторинг станица се користи за следење на квалитетот на воздухот во помалите градови. Моментално, мобилната станица за автоматско следење на амбиентниот воздух е поставена во Ѓорче Петров (Скопје). Претходно, мобилната станица беше во Бутел (Скопје) и работеше една година во периодот 2018-2019 година.
Одделението изготвува информации за состојбата со мониторингот и квалитетот на воздухот. Исто така подготвува дневен, месечен и годишен извештај за квалитетот на воздухот во државата, согласно податоците добиени од ДАМСКВ. Одделението доставува известување во случај кога ќе забележи надминување на граничните вредности и праговите за алармирање на поедини загадувачки супстанци. Подетални информации во врска со ДАМСКВ како и состојбата со квалитетот на воздухот во реално време може да најдете на следниов линк:
Основните задачи на одделението се:
- редовно следење на функционалноста на мерните инструменти;
- одржување на инструментите, односно редовна замена на потрошните материјали согласно динамиката дадена од производителите на опремата;
- сервисирање на инструментите;
- секојдневно следење на податоците добиени од ДАМСКАВ и нивна валидација и верификација;
- калибрација на анализаторите од мониторинг станиците со цел добивање на веродостојни податоци за квалитет на воздух;
- калибрација на референтните анализатори од
- калибрационата лабораторија за квалитет на воздух.

Мартина Спасовска
Опис на работната позиција Раководење со одделението – организирање, насочување и координација на работата, контрола и надзор на задачите, распределба на обврските, стручна поддршка и советување, грижа за усовршување и дисциплина, како и оценување на државните службеници.
+389 2 3251 403
infoeko@moepp.gov.mk
Аналитика и известување
Собирање, обработка, анализа и презентација на податоци за медиумите во животната средина
Управување со податоци: - собирање, обработка и анализа на податоци за медиумите и животната средина. Известување: Подготовка на дневни, месечни, годишни и четиригодишни извештаи за животната средина.
Мапирање: Изработка на тематски карти со гео-ориентирани податоци. Меѓународна соработка: Координација со Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и доставување на податоци до меѓународни организации.
Развој на индикатори: Развој, имплементација и проширување на националниот сет на индикатори. Статистички придонес: Доставување и обработка на податоци за статистички бази на податоци и годишници.
Одделение
Катастри и моделирање
Воспоставува база на податоци за евиденција на загадувачите и на изворите на загадување кои испуштаат загадувачки материи и супстанции во животната средина
Во одделението за катастри и моделерање се подготвуваат и одржуваат:
- катастрите за медиумите на животната средина (воздух, вода и бучава) како дел од националниот информативен систем за животна средина;
- моделирање; и
- воспоставуање и одржување на Регистар на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ).
Во однос на катастрите во одделението се вршат и координираат активностите околу одржување и ажурирање на поедините катастри (воздух, вода и бучава) преку :
- идентификација на изворите на загадување;
- идентификација на загадувачките супстанците кои се испуштаат во медиумите на животна средина;
- одредување на количина на испуштени загадувачки супстанци
- временскиот период во кој настанува загадувањето.
Аземине Шакири
Раководи со одделението (организирање, насочување и координација на работата, непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите, распоредување на работите и задачите на државните службеници во одделението, давање на стручна помош и совети во работењето на државните службеници во одделението, грижа за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во одделението, оценување на државните службеници во одделението).
Подготвува стручни материјали, законски акти, планови и извештаи за работата на одделението.
Учествува во проекти, буџетирање, стратешко планирање и подготовка на технички спецификации.
Предлага иницијативи и следи законски и научни промени во согласност со ЕУ.
Активно учествува во национални и меѓународни работни групи (ЕУ и РИПЗ при UNECE).
+389 76 404 475
a.shakiri@moepp.gov.mk
Се одржа 25-ти состанок на Работната група
На 02 и 03.05.2023 година се одржа 25-ти состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
Студиска посета во Загреб, Хрватска
Во периодот од 19.02.2023 година до 24.02.2023 година, во рамките на проектот „Развој на информативен систем за животна средина EuropeAid/139107/IH/SER/MK, инплементиран од Particip GmbH“, се одржа студиска посета во Загреб, Хрватска.
Состанок во просториите на Европската агенцијата за животна средина
На 13–14 јуни 2022 во Копенхаген се одржа првиот годишен состанок со физичко присуство на ЕЕА, на кој Националниот координатор Катерина Николовска учествуваше во координации за EIONET мрежите и процесите за модернизација.
Заедничката работилница на EIONET и Работната група за емисиони инвентари и проекции
Работилницата на EIONET и TFEIP се одржа онлајн од 11–13 мај 2020 со учество на м-р Александра Н. Крстеска. Беа презентирани заклучоци за емисиони инвентари, NEC директивата, тековни проекти и влијанието на COVID-19, како и потребата од обуки за проекции на емисии и PM фракција..
Завршен состанок за ревизија на резултатите на проект
Во рамките на Програмата за техничка соработка (TCP), Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) спроведува регионален проект RER7012, „Одредување на маркери на долгорочни трендови на извори на загадување на воздухот со користење на нуклеарни технологии“, во кој е вклучено Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Прва заедничка GLOBE on-line обука за професорите од Северна Македонија
На 22 и 23 април 2021, по повод Денот на планетата Земја, се одржа првата заедничка GLOBE онлајн обука со 159 учесници од Македонија, Хрватска и Словенија, со гости од Црна Гора. Целта беше новите професори да се обучат за активностите, а искусните за новите протоколи.

