Сектор за животна средина

Сектор за животна средина

Секторот за води е одговорен за управување со водните ресурси, заштита од штетното дејство на водите и спречување на загадување. Спроведува постапки за издавање на дозволи за користење на вода, испуштање во води, вадење на речен материјал, водостопански согласности и концесии (МХЕ, флаширање вода). Подготвува информации, мислења и акти, учествува во законодавни и подзаконски решенија, координира национални и меѓународни проекти, спроведува мониторинг, изработка на планови за управување со речни сливови и Програми на мерки, како и подготовка на извештаи за владини и управни потреби.

Document

Александар Петковски

Опис на работно место – Заменик на раководител на сектор Асистира на раководителот на секторот и обезбедува стручна помош на раководителите на одделенија. Следи извршување на доверените задачи, иницира решавање проблеми и обезбедува навремено и квалитетно работење. Го заменува раководителот при негова отсутност и го известува за преземените дејства. Предлага ставови за системски прашања, следи и оценува проблеми во секторот. Врши други задачи утврдени со правилникот и доверени од раководителот.

Document
Активност 3

ОВЖС и заштита на почви

Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите – Суштина Спроведување постапки за оцена на влијание врз животната средина (ОВЖС), јавни расправи и одобрување/одбивање елаборати. Координација со институции и водење регистар на елаборати и студии. Имплементација на меѓународни обврски (ЕСПО, Архушка конвенција). Изработка на закони, стратегии и мерки за заштита и унапредување на квалитетот на почвата.

Активност 3

Бучава

Одделение за заштита од бучава – Клучни активности Создавање здрави услови за живот и заштита на животната средина од бучава. Мерки за избегнување, спречување и намалување на бучавата и нејзините штетни ефекти. Заштита од бучава што предизвикува непријатност и вознемирување. Изработка на стратешки карти за бучава (патен, железнички, авионски сообраќај). Издавање мислења за заштита од бучава.

Активност 3

Лабораторија

Одделението за лабораторија е дел од Секторот за животна средина при Управата за животна средина и има цел да го следи квалитетот на животната средина како основа за креирање политики. Централната лабораторија располага со современа опрема за физичко-хемиски анализи и ги извршува следните функции: мониторинг на квалитетот на животната средина, поддршка на инспекторатот преку проверка на податоци од самомониторинг на инсталации, следење на инциденти и процеси на деконтаминација. Лабораторијата е акредитирана со сертификат ЛТ-082, согласно МКС EN ISO/IEC 17025:2018, со опсег кој опфаќа тестирања на квалитет на вода (БПК, ХПК, pH, нитрати) и мерења на бучава во опсег од 20 dB до 140 dB.

Document