Воздух

Хидрографска состојба

Сознанијата и показателите во последниве децении укажуваат на фактот дека рамнотежата во атмосферата е нарушена

Ова се ефектите од пребрзиот технолошки развој, развојот на индустријата, зачестените хаварии и останатите активности диктирани од современиот живот на човекот, како и природните катастрофи (земјотреси, поплави, пожари, вулкански ерупции)

Земајќи ги предвид сите овие показатели, односно промени на глобално ниво, потребно е да се превземат мерки за подобрување на состојбата, особено на квалитетот на воздухот.

Токму поради тоа, од особен интерес е да се располага со податоци за потеклото, застапеноста и влијанието на загадувачките супстанци присутни во воздухот, со цел да се превземат мерки за нивна редукција. Затоа, Македонскиот информативен центар за животна средина ги собира обработува и анализира податоците за емисиите во воздухот од поединечните извори како и на емисии во воздухот од сообраќајот.

Со цел утврдување на состојбата со концентрациите на загадувачките супстанци во амбиентниот воздух се врши редовен мониторинг со Државниот автоматски мониторринг систем за квалитет на амнбиентен воздух, како и мерните станици на други надлежни институции.

Регулатива

Во следните години подготвени и усвоени се четири дополнувања и измени кон истиот (Сл. Весник на РМ бр.92/07, 83/09, 35/10, 47/11) со цел усоглсување со ЕУ законадавството за воздух, а особено со Директивата за чист воздух во Европа (Директивата CAFE) која беше усвоена од Европскиот парламент во 2008 година. Законот за квалитет на амбиентен воздух дава правен основ за регулирање на: