Сектор за спроведување на Инструментот за претпристапна помош
Инструмент за претпристапна помош (ИПА)
ИПА е клучен инструмент на Европската Унија за поддршка на земјите-кандидати и потенцијални кандидати во усогласувањето со европските стандарди и политики. Целта е зајакнување на административните капацитети и подготовка за користење на фондовите на ЕУ по пристапувањето.
ИПА I (2007–2013)
ИПА I ги замени претходните програми PHARE, ISPA, SAPARD и CARDS. Основана со Регулатива 1085/2006, спроведена со Регулатива 718/2007. Во овој период беа реализирани бројни проекти за поддршка на реформи и развој.
ИПА II (2014–2020)
Со ИПА II продолжи поддршката на ЕУ преку нова правна рамка (Регулативи 231/2014, 236/2014 и 447/2014). Средствата се управуваа децентрализирано, што значи дека земјата корисник добива делегирани овластувања за управување со програмите.
ИПА III (2021–2027)
Регулативата 1529/2021 ја дефинира ИПА III, поделена на 5 прозорци: владеење на правото, добро владеење, зелена агенда, конкурентност и територијална соработка. Зелениот прозорец ги вклучува приоритетите животна средина и климатски промени, транспорт, дигитална економија и енергија.
Одделение

