Сектор за индустриско загадување и управување со ризик
Спречување и контрола
Одделението е задолжено за спроведување на системот за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, разгледување и издавање интегрирани еколошки дозволи, увид на инсталации и изготвување записници. Врши размена на податоци со инспекторатот, државни органи, општини и НВО, организира состаноци и јавни расправи и ги објавува барањата и издадените А/Б-ИЕД дозволи. Го води регистарот на дозволи, ги разгледува Б-ИЕД дозволите издадени од општините и, доколку се утврдат недостатоци, ги информира надлежните органи и дава насоки за нивно процесуирање.
Индустриски несреќи
Одделение за хемикалии и индустриски несреќи – Суштина Управување со опасни хемикалии и спроведување стратегии за нивна контрола и елиминација. Спречување на индустриски несреќи, евиденција и контрола на инсталации со опасни супстанции. Подготовка на прирачници и водичи за инспекција и безбедносни мерки.
Аеро загадување
Одделението за управување со аерозагадување и органски испарливи материи ја спроведува имплементацијата на законските одредби, врши евиденција и контрола на инсталации, следи обврски поврзани со прометот на органски испарливи материи, извршува програмски задачи, изработува научно-стручни студии и елаборати, соработува со државни органи, научни институции и невладини организации, и учествува во донесување предмети во управна постапка.
Согласно Законот за животна средина, од 1 Јануари 2006 година почна имплементацијата за новите законски обврски за индустријата, а кои се однесуваат на Интегрирано спречување и контрола на загадувањето. Овој систем на ИСКЗ дозволи е опфатен со две глави во законот: глава XII - Интегрирани Еколошки Дозволи глава XIV - Дозволи за усогласување со оперативни планови.
Назим Алити
Работната позиција вклучува менаџирање на секторот преку координирање на активности поврзани со интегрирано спречување и контрола на загадувањето, хемикалии, индустриски несреќи, аерозагадување и органски испарливи материи. Вклучува соработка со другите раководни административни службеници, заменување на претпоставениот при потреба, помош на раководителот на секторот и следење на извршувањето на доверените задачи. Иницира решавање на проблеми, одговара за навремено и законито извршување на работите, врши задачи што бараат посебна стручност и самостојност, се грижи за спроведување на програмата за работа на секторот и предлага ставови по начелни системски прашања.

