Индикатори за животна средина
Состојабата на животната средина, презентирана со квантитативни и квалитативни податоци добиени преку научно засновани мерења и анализи
Подготовката на индикаторите претставува исполнување на една од обврските од Законот за животна средина, и ја обезбедуваат основата што е неопходна за соодветно одлучување во процесот на управување со животната средина.
Известувањето за животната средина преку индикатори претставува амбициозен потфат да се произведе извештај, слика на состојбата на животната средина, презентирана колку што е можно повеќе со квантитативни и квалитативни податоци добиени преку научно засновани мерења и анализи, коишто упатуваат на изворите, причините, последиците и трендовите на конкретните состојби.
Подготовката на индикаторите претставува исполнување на една од обврските од Законот за животна средина, и ја обезбедуваат основата што е неопходна за соодветно одлучување во процесот на управување со животната средина, со штосе дава очекуваниот придонес кон одржливиот развој на нашата земја.










