Сектор за просторно планирање

Планирањето на просторот е мултидисциплинарна дејност за долгорочна проекција,од сите аспекти за развој,на територијата на секоја цивилизирана држава.

(123) 456-7890

Просторното планирање претставува континуиран процес кој се реализира преку перманентно изработување и донесување на просторни планови, како и координирање на нивното спроведување, односно нивна имплементација.

Top view of a team working on construction plans in an office setting.
Close-up view of an architectural floor plan on paper showcasing detailed room layouts and measurements.

075 316 728

n.rexhepi@moepp.gov.mk

Неби Реџепи

Управување со функционирањето на секторот во насока на утврдување на концепти и активности за спроведување и реализација на Просторниот план на Република Македонија како и  координирање и спроведување на политиките на просторно  планирање преку контрола на спроведување на програмата на секторот и преку управување со средствата.

Раководител на Сектор за просторно планирање

Спроведувањето на овие закони е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање

Секторот за просторно планирање, кој е организиран во три одделенија:

Two women reviewing detailed architectural blueprints in a professional setting.

Одделение за планови и просторна политика

blueprint, ruler, architecture, architectural, architect, plan, blue plan, blue planning, blueprint, blueprint, blueprint, blueprint, blueprint, ruler, architect, architect

Одделение за спроведување на просторни планови

Focused architect drawing floor plans indoors on a tablet for a design project.

Одделение за стратешка оценка на влијанието врз животната средина

Проектни единици
Лого

Министерство за животна средина и просторно планирање

Дејноста просторно планирање е дејност од јавен интерес, регулирана со:

  • Законот за урбанистичко планирање линк
  • Законот за спроведување на Просторниот план на Република Македонија линк
  • Глава X од Законот за животна средина линк

Планови и просторна политика

Kоординaција на изработка на просторните планови, спроведување на политика на одржлив просторен развој преку имплементација на предвидените концепции за просторен развој на државата

Листа на обврски-одговорности

Соработува со раководни административни службеници во рамки на институцијата и со надворешни партнери за прашања од делокругот на организационата единица со која раководи, а при отсуство на претпоставениот го заменува со овластување од секретарот.

Раководи со одделението, ја организира работата, обезбедува навремено и квалитетно извршување на задачите, се грижи за работната дисциплина и воспоставува меѓународна и меѓусекторска соработка во областа на просторното планирање.

Учествува во изработка на законска регулатива, дава мислења за усогласеност на стратешки документи со Просторниот план, координира и организираипостапки за донесување стратешки документи и просторни планови и решава предмети во управна постапка.

Дејан Гаџовски

076 455 453

d.gadzovski@moepp.gov.mk

Раководи и ја координира работата на одделението за планови и просторна политика

Ја координира изработка и донесувањето на просторни планови и стратешките документи

Ги спроведува работните задачи доверени од непосредниот раководител кои се однесуваат на спроведување на националната политика на одржлив просторен развој

Воспоставува меѓународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка од областа на просторното планирање

Спроведување на планови

Одделението за спроведување на просторни планови врши надзор на спроведувањето на Просторниот план на Република Македонија.

Одделението управува со спроведувањето на Просторниот план на РМ, издава услови за планирање на просторот и подготвува стратешки документи, законски акти и мислења. Обезбедува програми и извештаи за Владата и меѓународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка.

Ги спроведува постапките за издавање услови за урбанистички планови и проекти од државно значење и соработува со локалната самоуправа. Подготвува законски и подзаконски акти за стратешко планирање и регулатива на плански документи.

Го организира изготвувањето на годишниот извештај за состојбите во просторот, учествува во работни групи и владини комисии и врши ревизии на проекти. Подготвува информации, следи издавање на услови и изработува годишна програма и извештаи за одделението.

Врши надзор на реализацијата на Просторниот план и подготвува извештаи и програми. Следи усогласеност со други стратешки документи за користење на просторот и учествува во нивната изработка.