Соопштенија

Соопштенија

Document
Активност 3

ПОКАНА ЗА МЕДИУМИ, Потпишување на грант-договор со ЕБРД

Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.

Активност 3

Корегирана ранг листа на прифатливи барања

Ранг листа на прифатливи барања според Програмата за инвестирање во животната средина за 2025

Активност 3

Соопштение

Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за избор на предлог проекти што ќе се финансираат од дел III, точка 1, точка 2, точка 3 и точка 4 Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода) од Програма за управување со водите за 2025година. (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.29/25) на 11.02.2025 година

Активност 3

Соопштение за медиуми

Ве информираме дека утре, петок, 27 јуни 2025 година, со почеток во 14:00 часот, во Струга ќе се одржи настан по повод започнувањето на првата фаза од мега-проектот за реконструкција и замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки.

Активност 3

Соопштение за медиуми

Ве информираме дека утре, среда, 25 јуни 2025 година, со почеток во 13:00 часот, во Медиа центарот на Владата, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, ќе одржи прес-конференција по повод одбележувањето на една година од формирањето на Владата.

Активност 3

Соопштение за медиуми

Ве информираме дека утре, среда, 25 јуни 2025 година, со почеток во 11:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, заедно со претсетаделот на Владата г. Христијан Мицковски и министерот за здравство, г. Азир Алиу, ќе ја посетат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Активност 1

Оглас за ангажирање на национални експерти преку проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива“

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органки загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива

Активност 2

Соопштение

Ве известуваме дека утре, четврток, 5 јуни 2025 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Клубот на пратеници, ќе се одржи првата годишна конференција во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, под наслов „Заедно за одржлива животна средина“, по повод Светскиот ден на животната средина.

Активност 3

Соопштение

Ве информираме дека утре, четврток, 29 мај 2025 година, со почеток во 09:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе учевствува и ќе има обраќање на 6-та меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA).