Сектор за спроведување на Инструментот за претпристапна помош

Ја извршува функцијата на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и на Тело за управување со програмите за животна средина во согласност со надлежностите пропишани во финансиските договори со ЕУ за релевантните програми за животна средина, уредбата за воспоставување на структури и односи меѓу структурите за управување со ИПА и oперативните договори за ИПА.

Инструмент за претпристапна помош (ИПА)

ИПА е клучен инструмент на Европската Унија за поддршка на земјите-кандидати и потенцијални кандидати во усогласувањето со европските стандарди и политики. Целта е зајакнување на административните капацитети и подготовка за користење на фондовите на ЕУ по пристапувањето.

ИПА I (2007–2013)

ИПА I ги замени претходните програми PHARE, ISPA, SAPARD и CARDS. Основана со Регулатива 1085/2006, спроведена со Регулатива 718/2007. Во овој период беа реализирани бројни проекти за поддршка на реформи и развој.

ИПА II (2014–2020)

Со ИПА II продолжи поддршката на ЕУ преку нова правна рамка (Регулативи 231/2014, 236/2014 и 447/2014). Средствата се управуваа децентрализирано, што значи дека земјата корисник добива делегирани овластувања за управување со програмите.

ИПА III (2021–2027)

Регулативата 1529/2021 ја дефинира ИПА III, поделена на 5 прозорци: владеење на правото, добро владеење, зелена агенда, конкурентност и територијална соработка. Зелениот прозорец ги вклучува приоритетите животна средина и климатски промени, транспорт, дигитална економија и енергија.

Одделение

Одделението за техничко спроведување на ИПА ги координира програмите и проектите финансирани од ИПА, го подготвува и следи планот за тендери, изработува и ревидира тендерска документација во соработка со ЦФСД, врши контрола на квалитет пред доставување до ЕК/ДЕУ, учествува во комисиите за евалуација и обезбедува податоци за нивната успешна реализација, како и подготвува извештаи со научени лекции од спроведените проекти.
Одделение за техничко спроведување на ИПА
Одделението за внатрешна контрола и координација ги координира процесите на контрола и поставеност на ИПА структурата според критериумите на ЕК, подготвува и ажурира прирачници и документи за внатрешни процедури, дејствува како секретаријат на секторскиот мониторинг комитет, подготвува годишни декларации за управување, следи одржливост на резултатите од проектите, врши контрола на квалитет на документи, организира внатрешни и надворешни ревизии, следи потребни ресурси, проценува ризици и обезбедува систем за пријавување неправилности при спроведување на програмите за животна средина.
Внатрешна контрола
Одделението за програмирање и мониторинг на ИПА го координира програмирањето и мониторингот на проектите финансирани од ИПА, обезбедува информации за приоритетите во секторот животна средина, ги подготвува и ажурира ИПА апликациите и акциските програми, дефинира и следи секторски индикатори, како и ги проверува извештаите, исполнувањето на условите и квалитетот на работата на изведувачите и консултантите.
Програмирање и мониторинг