Вода

Хидрографска состојба

Хидрографска состојба во Република Македонија

Според хидрографската состојба во Република Македонија, постојат четири подрачја на речени сливови (Вардар, Црн Дрим, Струмица и Јужна Морава) и три природни езера (Охридско Езеро, Преспанско Езеро и Дојранско Езеро).

Најголем дел од водите се домицилни, формирани на територијата преку врнежи. Македонија не е богата со површински води и тие главно зависат од појавата, времетраењето и интензитетот на врнежите.

Како резултат на морфолошката, хидрогеолошката и хидро-географската структура на релјефот, површинските теченија брзо втекуваат во хидрографската мрежа (реки, потоци и езера) и водата истекува надвор од земјата. Единствен исклучок се карстните области, каде што водата се задржува подолго време под површината и ги прихранува протечните води од речната мрежа.

Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места на реките и параметрите кои се следат.

Континуирано се следат органо лептичките, минерализационите, кислородните и показателите на киселост, еутрофикациони детерминанти, органски микрополутанти, штетни и опасни материи, биолошки елементи (состав и изобилство на акватична флора и бентосна без’рбетна фауна) на следните мерни места:

Станица Река
Света БогородицаТреска
Граница, Влив ЛепенецЛепенец
Радуша, Таор, Ногаевци, Демир Капија, Гевгелија, Башино СелоВардар
Пелинце, Катлановска БањаПчиња
ТрновецКрива Река
БалванБрегалница
БродЕлешка
Скочивир, ВозарциЦрна Река
Ново СелоСтрумица
ХЕ ШпилјеЦрн Дрим
Бошков МостРадика

Квалитет на водотеците од здравствено – еколошки аспект

Согласно Законот за води органите надлежни за здравствената заштита се должни за вршење на мониторинг на водите наменети за консумирање од страна на човекот и водите за капење и за преземање мерки за активна заштита на населението против заразни и други болести со висока социјална и здравствена релевантност. Овие заводи вршат микробиолошки, паразитолошки, хигиенски, токсиколошки и биохемиски анализи од делокругот на нивната дејност.

Обрасци

Стандардирани форми или шаблони кои се користат за документирање и праќање информации поврзани со мониторинг, одобрување и управување со водните ресурси.

Решенија

Примена на иновативни технологии и методи за пречистување на отпадните води, усовршување на системите за мониторинг на квалитетот на водите, и развивање на стратегии за одржливо управување со водните ресурси

Хидролошка состојба на реките и природните езера

Хидролошката состојба на реките и езерата се следи од страна на Управата за хидрометеоролошки работи на дефинираните мерни места преку следење напроток на реки и водостој на природните езера. Податоците од мониторингот на хидролошките параметри може да ги најдете на следниве линкови: