Сектор за води
Секторот за животна средина се грижи за спроведување на законските обврски кои произлегуваат од оцената на влијание врз животната средина на одредени проекти , управувањето со бучава како и вршење на физичко-хемиски и токсиколошки анализи во сите медиуми на животната средина (вода, воздух, почва, бучава).
Илбер Мирта
Раководител на Сектор за води во МЖСПП, одговорен за развој, координација и спроведување на политики и програми за управување со водите, контролирање на одделенијата, учество во национални и меѓународни проекти и договори (ЕУ, UNECE), со образование Дипломиран инженер – Технолог, меѓународни обуки во управување со води и одржлив развој, и искуство од 2007 година до денес во секторот.
Планирање и развој на водите
Одговорен за изработка и спроведување на Националната стратегија и Програмата за управување со водите, развој и надзор на Водостопанската основа, координација со министерството, државни органи, научни институции и НВО, и подготовка на научно-стручни студии и елаборати.
Одделение за водни права
Одговорен за подготовка на подзаконски акти за водни права и концесии, издавање дозволи за користење и испуштање вода, вадење песок, чакал и камен, водостопански согласности, спроведување на концесии и координација со државни органи, институции и НВО, како и за изработка на научно-стручни студии и елаборати.
Концесии, соработка меѓу ресори
Одговорен за подготовка на подзаконски акти за водни права и концесии, организирање и спроведување на концесиски постапки, координација со надлежни органи, издавање дозволи и имплементација на одлуки според законските прописи.
Сливно подрачје на реката Вардар
Одговорен за координација со телата на сливот и подсливовите, соработка со институции и организации, изработка на програми, планови и извештаи, управување со речни сливови и заштитни зони, спроведување на мерки за заштита од води и научно-истражувачки активности во областа на водите.
Сливно подрачје на Црн Дрим
Одделението е одговорно за координација со телата на сливовите и подсливовите, соработка со институции и организации, изработка на програми, планови и извештаи, управување со речните сливови и заштитни зони, спроведување на мерки за заштита од штетното дејство на водите и научно-истражувачки активности во областа на водите.
Сливно подрачје на Струмица
Одделението координира со телата на сливовите и подсливовите, соработува со институции и организации, изработува програми, планови и извештаи, управува со речните сливови и заштитни зони, спроведува мерки за заштита од штетното дејство на водите и врши научно-истражувачки активности во областа на водите.

