Ана Каранфилова Мазневска
Раководител на Секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина, одговорна за имплементација на закони и подзаконски акти за управување со отпад и посебни текови, развој на национални стратегии и планови, спроведување на ИПА и други проекти за регионални системи за отпад, координација со државни институции, научни институти и невладини организации, подготовка на студии, елаборати и извештаи, учество во работни тела на Собрание и Влада, со долгогодишно искуство во развој и имплементација на проекти за интегрирано и одржливо управување со отпад, со меѓународни обуки и признати публикации во областа на управувањето со отпад и ЕУ директиви.