Отпад

Хидрографска состојба

Ефикасно користење на ресурсите и отпад

Станува сè појасно дека преовладувачкиот европски модел на економски развој – заснован на голема употреба на ресурси, создавање отпад и загадување – не може да се одржи на долг рок. Многу од ресурсите се користат само за краток временски период, или тие се губат за економијата преку депонирање или намалување на квалитетот за време на операциите за обновување.

Во последниве години воведениот концептот на циркуларна економија и поврзаните политики треба да се справуваа со користењето на ресурсите, производството, потрошувачката и отпадот на повисоко ниво. Овој концепт има за цел да ги затвори материјалните загуби со одржување на вредноста на производите, материјалите и ресурсите во економијата што е можно подолго. Ова ефикасно го намалува создавањето на отпад и употребата на нечист материјал.

Користењето на ресурсите, како и создавањето и третманот на отпадот резултира со значителни еколошки притисоци за време на фазите на екстракција, производство, употреба и крај на животниот век на производот. Целите на политиката за животна средина вклучуваат намалување на количината на материјали што се користат во економијата, подобрување на ефикасноста на ресурсите, намалување на создавањето отпад и претворање на отпадот во ресурс. Спречувањето на отпадот и управувањето со отпадот е еден клучен аспект на циркуларната економија.Ефикасноста на ресурсите е од суштинско значење ако сакаме да го одвоиме економскиот развој од деградацијата на животната средина. Ресурсите на Земјата се ограничени и нивното извлекување генерира влијанија врз животната средина и климата.Нивното поефикасно користење помага да се минимизираат овие влијанија. На тој начин, ефикасноста на ресурсите е еден од основните елементи неопходни за создавање кружна, позелена економија во Европа, како и поодржливи модели на производство и потрошувачка.

Законските регулативи во однос на управување со отпадот во нашата земја се насочени кон промоција на кружна економија преку екстракција на квалитетни ресурси од отпадот колку што е можно повеќе. Понатаму и политиката на Зелената агенда за западен Балкан се потпира на неколку столбови, насочени воглавно на реформи во регионот за да се усогласиме со амбициите на Европскиот зелен договор (European Green Deal), преку економскиот и инвестициски план на Европската Унија. Европскиот зелен договор има за цел да го промовира растот преку транзиција кон модерна, ефикасна во однос на ресурсите и конкурентна економија.

Законот за управување со отпад дава легитимна рамка за третирање и управување со отпадот. Истиот го внесува концептот на хиерархија при управување на отпадот. Хиерархијата што обично се усвојува е минимизирање/намалување на отпадот на изворот, рециклирање, преработка на отпадот (со обновување на ресурсите, т.е. материјали (производи) и енергија), трансформација на отпадот (без враќање на ресурсите) и депонирање на земјиште.За одредени категории на отпадот се неопходни специфични приоди. Затоа, покрај сеопфатниот Закон за управување со отпад, во Република Северна Македонија има и многу други закони за справување со различни видови отпад. Зелената агенда го обврзува Западен Балкан да се движи кон циркуларна економија преку подобрување на управувањето со отпадот; зголемување на продуктивноста на ресурсите; воспоставување иновативни и поефикасни начини на производство и потрошувачка и воведување циркуларност во деловните модели.

Регулатива

Во Република Македонија постојат повеќе закони кои покриваат и решаваат одредени проблематики и прашања поврзани со отпадот. Дел од тие закони кои се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање

Дозволи

Одобрувања или лиценци издадени од надлежните институции, кои ги регулираат активностите поврзани со третманот, складирањето и одржувањето на одговорност за отпадот, во согланост со законските стандарди и прописи

Во контекст на циркуларната економија, управувањето со отпадот се фокусира на зачувување на вредноста и својствата на отпадните материјали преку доставување висококвалитетни секундарни суровини во економијата.

Усвоена е Листа на видови на отпад.

Информативен систем за управување со отпад

Министерството за животна средина и просторно планирање организира информативен систем за управување со отпад, како дел од севкупниот Македонски информативен систем за животна средина. Организационите единици за регионално управување со отпадго организираат информативниот систем на локално ниво, со кој се обезбедува собирање и презентирање на податоци за состојбата во врска со управување со неопасниот отпад. Организационите единици за регионално управување со отпадсе должни добиените податоци за состојбата во врска со управување со неопасен отпад да ги достават до надлежниот орган за вршење на стручни работи во животната средина-Управата за животна средина.