Бучава

Хидрографска состојба

Бучавата како една од негативните последици врз животната средина е проблем кој е распространет во целиот свет и се јавува како резултат од технолошкиот развој

Проблемот подеднакво опстојува дури и во области во кои што се трошат огромни средстава за регулирање, оценување и намалување на изворите на бучава или за создавање бариери за бучавата.

На пример, огромни напори се вложуваат за намалување на сообраќајната бучава на самиот извор. Всушност, денешните автомобили се многу потивки од тие произведени пред 10 години, но обемот на сообраќајот порасна толку многу што ефектот од тој напор се анулира и нивото на непријатна бучава се зголемува. Производството на потивки автомобили можеби го ублажува проблемот за одреден период, но во никој случај не го отстранува.

Мерењето и следењето на бучавата се потребни за постигнување и одржување на нивоа на бучава во животната средина во дефинирани области и под различни услови, со крајна цел да се заштити здравјето и добро состојбата на населението.

Регулатива

Законот за бучава во животната средина е закон кој ги регулира основните принципи за управување со бучавата во животната средина. Во него директно се пренесени барањата од Директивата 2002/49/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 25 јуни 2002 во врска со проценувањето и управувањето со бучава во животната средина. Законот за бучава во животната средина дава правен основ за: