Да се подобри инфраструктурата за собирање и третман на општински отпадни води во согласност со директивата 91/271/ЕЕЗ и националниот закон.
Проектот предвидува мерки за изградба на пречистителна станица во Општина Битолa кои би придонеле за следново:
- Да се подобрат санитарните и хигиенските услови и стандарди за населението;
- Да се подобрат значително неприфатливите постоечки еколошки услови на реципиентот (река Драгор) (разредување помало од 1:1) и квалитетот на водата во реката по испустот од пречистителната станица, што ќе ги исполни целите на еколошките стандарди;
- Да се намали понатамошното акумулирање на хранливи материи и еутрофикацијата низводно во прекуграничниот тек на реката Вардар и Егејското Море;
- Да се обезбеди правилно функционирање на идната централна пречистителна станица.
Посебни цели (резултати):
Проектирање и изградба на станица за пречистување на отпадни води за 112 474 ЕЖ со вкупен дневен просечен проток од приближно 27090 м3/ден.
Градежните работи ќе бидат спроведени според условите на договорот од Жолтата книга на FIDIC (1999) и договорните документи.