Линдита Шакири

Магистер по меѓународни односи и дипломатија и дипломиран инженер за технологија и металургија со долгогодишно искуство во ЕУ интеграции и управување со политики за животна средина. Ја координира Работната група 27 и процесот на хармонизација на националното законодавство со правото на ЕУ. Активен тренер и ментор за јавни политики, управување со проекти и градење капацитети во водниот сектор и одржлив развој.

С Е К Т О Р

Сектор за Европска Унија

СЕУ го координира процесот на европска интеграција на РСМ во областа на животната средина и климатските промени. Секторот е надлежен за Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени во рамки на кластер 4 – Зелена агенда, усогласување на националното законодавство со европското, градење институционални и административни капацитети, подготовка на извештаи за напредок и други документи поврзани со преговорите, следење и анализа на преговарачкиот процес, како и активности за стандардите за животна средина, еколошко означување и системи за управување со животната средина.

О Д Д Е Л Е Н И Е

Усогласување право и преговори

Опис на дејноста и обврските на одделението

Одделението го следи и координира процесот на европска интеграција на РСМ во областа на животната средина и климатските промени. Координира работата на Работната група 27 и изготвува извештаи, документи и преговарачки позиции за ЕУ. Учествува во хармонизација на националното со европското законодавство и во подготовка на стратешки документи и политики. Обезбедува административна поддршка и соработува со надлежните институции за исполнување на критериумите за членство во ЕУ.

Одделение за стандарди

Одделението координира изготвување и усвојување на стандарди од областа на животната средина и развива политики за нивна измена и дополна. Учествува во технички комитети и соработува со Институтот за стандардизација при донесување национални хармонизирани стандарди. Го следи и спроведува ЕМАС системот за управување со животната средина, ги анализира директивите и регулативите на ЕУ за еколошко етикетирање и предлага национални критериуми и студии за нивна примена.

Document

Д о к у м е н т а ц и ј а

Document