Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација

Лот 1: Проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Битола

NEAR/SKP/2024/EA-RP/0030

 
Главни цели на проектот

Да се подобри инфраструктурата за собирање и третман на општински отпадни води во согласност со директивата 91/271/ЕЕЗ и националниот закон.
Проектот предвидува мерки за изградба на пречистителна станица во Општина Битолa кои би придонеле за следново:

  • Да се подобрат санитарните и хигиенските услови и стандарди за населението;
  • Да се подобрат значително неприфатливите постоечки еколошки услови на реципиентот (река Драгор) (разредување помало од 1:1) и квалитетот на водата во реката по испустот од пречистителната станица, што ќе ги исполни целите на еколошките стандарди;
  • Да се намали понатамошното акумулирање на хранливи материи и еутрофикацијата низводно во прекуграничниот тек на реката Вардар и Егејското Море;
  • Да се обезбеди правилно функционирање на идната централна пречистителна станица.

Посебни цели (резултати):

Проектирање и изградба на станица за пречистување на отпадни води за 112 474 ЕЖ со вкупен дневен просечен проток од приближно 27090 м3/ден.
Градежните работи ќе бидат спроведени според условите на договорот од Жолтата книга на FIDIC (1999) и договорните документи. 

Проектни компоненти-резултати

Станица за пречистување на отпадни води за 112 474 ЕЖ со вкупен дневен просечен проток од приближно 27090 м3/ден

 
Document